October 27, 2020 05:31
Македонија

KPBAB MAHДAT: Bpиe вo ДУИ во Teтово, мoжe да „лeтaaт“ глaви

Формирањето на владата не го смири огранокот на ДУИ во Тетово. Како што известуваат партиски извори за Газета Лајм, сега, откако министерските места се поделени, крвта во тетовскиот огранок се вжешти за поделба на местата од вториот и третиот ешалон.

Исто така, почна и процесот на „избор“ на најсериозните кандидати за градоначалници на локалните избори следната година, кога се очекува актуелната градоначалничка Теута Арифи да се повлече и да не се трка за нов кандидат.
Извори на Газета Лајм велат дека на еден дел од огранокот не му се допаѓа растот на рејтингот на претседателот на огранокот, Флорин Бесими. Но, и кај него има незадовство поради тоа што морал да биде „жртвуван“ поради неговиот брат, Фатмир Бесими така што мораше да го врати својот претенички мандат.

Сите овие судири веројатно ќе завршат со промени во партиската хиерархија во огранокот, веројатно само со некои исклучоци.

Извор: Лајмпрес