Search

Конгресот на ССМ не избра нов претседател

Сојузот на синдикати на Македонија денеска одржа вондреден конгрес во Охрид каде што требаше да се избира нов лидер, меѓутоа воопшто не се стигна до точката за гласање поради бурните реакции на дел од делегатите кои сметаат дека изборот е недемократско со само еден предложен кандидат.

ССМ е демократска организација, која ќе ги запази демократските процеси при изборот на претседател. Новиот претседател ќе биде избран согласно актите и документите на ССМ, но и на меѓународните стандарди, изјави претседавачот на Конгресот, Роберт Симоновски од Синдикатот за енергетика.

Тој најави дека Верификационата комисија на Синдикатот има 30 дена да ги утврди можните кандидати кои би биле предложени за нов претседател на ССМ.

Конгресот се одржуваше зад затворени врати, а беа присутни 93 од вкупно 113те делегати.

В.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски кој што беше и единствен кандидат за претседател рече дека конгресот не бил прекинат, туку дека избирањето на претседател било одложено на негово барање.

Треба да знаете
Последни објави