Search

Конечно триумф за МЗТ во АБА лигата

Конечно триумф за МЗТ во АБА лигата

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје ја прекина конечно низата од 11 порази во рамки на АБА лигата, па така славеше на гостувањето кај Цибона во Загреб со 92:77.

По речиси три месеци, избраниците на Лукајиќ добро, иако мечот го стартуваа лошо, откако Цибона направи разлика 10:3. Сепак до полувремето МЗТ дојде до предност, па така на пауза се замина со резултат 41:38 во корист на нашиот состав.

Се чини натпреварот беше одлучен по фантастичната трета четвртина, која му припадна на МЗТ со резултат 30:18.

Во таборот на Аеродромци најефикасни беа Мавра и Стојановски со постигнати 18 поени, додека кај Цибона се издвои Зориќ кој запиша 20 погодоци.

 

Треба да знаете
Последни објави