Search

Комшија му ги полил со бензин влезот на куќата и југото и ги запалил

Против 61-годишен кумановец е поднесена кривична пријава за сторено дело „предизвикување општа опасност“ откако му ги запалил влезот и југото на неговиот комшија.

Настанот се случил на 10-ти ноември околу 21 часот по претходна расправија меѓу двајцата соседи, што резултирала со физичка пресметка.

По тепачката, 61-годишниот П.Ј. земал две литри бензин и отишол во куќата на неговиот сосед Т.К. Со бензинот ги испрскал влезните врати од куќата и ги запалил, а потоа го испрскал и возилото „Југо“ во пределот на хаубата и го запалил.

Треба да знаете
Последни објави