Search

Компанијата на Вајнстин ги раскина договорите за тајност

Поранешната компанија на Харви Вајнстин го продава својот имот откако прогласи банкрот пред неколку месеци, бидејќи продуцентот кој освои Оскар е обвинет за повеќе сексуални напади.

 

Weinstein Company има за цел да им ја олесни понудата за откуп од приватната фирма.

Филмското и телевизиското студио соопшти дека ги ослободува сите наводни жртви на Вајнстин од договорите за тајност, кој досега ги спречуваше да зборуваат за тие инциденти.

Оваа е прва компанија од висок профил која прогласила банкрот поради директно влијание на сексуални обвиненија.

Компанијата исполнила документи кои се однесуваат на член 11 од Законот за банкрот, со што ќе им биде овозможена реорганизација.

Компанијата Вајнстин беше основана од страна на контроверзниот Харви Вајнстин и неговиот брат боб во 2005 година. Имотот ќе го откупи фирмата Lantern Capital Partners.

„Иако се надевавме дека ќе бидеме продадени по судски пат, задоволни сме што имаме план според кој ќе го продадеме нашиот имот по максимална цена и ќе зачуваме што повеќе бизниси, односно ќе бараме правда за сите жртви“, изјави директорот Боб Вајнстин во изјавата.

Оваа компанија сними филмови како што се „The King’s Speech и „The Artist“.

Во изјавата на компанијата стои дека Харви ги користел договорите за тајност за да ги замолчи своите жртви. Со оваа одлука на сегашната управа, тие прекинуваат да важат.

„Никој не би требало да се плаши да зборови или да биде принуден да молчи“, велат од компанијата.

Треба да знаете
Последни објави