Search

„Код“ на Снежана Лупевска и новинарката Менче Точи наградени за истражувачки стории

„Код“ на Снежана Лупевска и новинарката Менче Точи наградени за истражувачки стории

Здружението на новинари на Македонија на својата 72 годишнина од основањето, наградата за истражувачки стории им ја додели на новинарките Снежана Лупевска Созен и на Менче Атанасова Точи.

Лупевска Созен и нејзиниот тим во емисијата „Код“, кој го сочинуваат Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска, се наградени за сториите поврзани со настаните од 27-ми април, додека Атанасова Точи за сторијата за гинекологот кој девет месеци лажел жена дека е бремена.

Награда за животно дело доби новинарот Љубомир Гајдов. Гајдов е долгогодишен новинар на МТВ и Радио Скопје.

Во оваа пригода претседателот на ЗНМ Насер Селмани истакна дека новинарите во земјата се соочуваат со сериозни предизвици и покрај декларативната желба на новата власт да се бори против практиката на неказнивост на насилството врз новинарите.

– За жал ниту еден напаѓач на новинар не е изведен пред лицето на правдата, рече Селмани.

Фото: МИА

Треба да знаете
Последни објави