Search

Клоп: Вака се игра фудбал

Ливерпул стекна голема предност по првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите против Манчестер сити. Синоќа на „Енфилд“, Ливерпул за 30 минути успеа да постигне 3:0.

„Првото полувреме беше брилијантно. Така треба да се игра фудбал. Знаевме какви се квалитетите на Сити, но бевме свесни и за нашите“, рекол Јирген Клоп.

„Одлично ја браневме нивната пас игра. Сакав да играме уште фудбал, но не сум лут поради тоа. Изгубивме еден играч (Салах) поради повреда и еден поради жолти картони (Хендресон). Тоа не е добро. Мо рече дека се чувствува добро, но тоа дополнително ќе го провериме“, завршил менаџерот на Ливерпул.

Треба да знаете
Последни објави