Search

Кекеновски: Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ се послушници на Никола Груевски

Јове Кекеновски од ФРОДЕМ  вечерва во Топ тема на Телма изјави дека оние кои ќе го бираат идниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ се послушници на Никола Груевски.

Toј вели дека членството се обидело да верува во манипулации кои биле за спас на кожата на Груевски и другите кои се дел од врвот. Вели дека на Груевски му беше лесно да ги манипулира граѓаните со корумпирани медиуми. За него сега ВМРО-ДПМНЕ е дезорганизирана партија. 

„Во Извршниот комитет нема човек со свое јас. Сите луѓе се бирани, ништо не е оставено на случајност. Делегати на Конгресот се пратеници, членови на Извршниот комитет и поранешни директори на јавни претријатија. Мислите тие ќе гласаат за некој слободно пријавен кандидат?“- вели Кекеновски.

Тој рече дека луѓето против кои се водат постапки немаат морално право да членуваат во телата на партијата. 

Треба да знаете
Последни објави