Search

Kривична пријава против 39-годишен дилер на дрога од Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 39-годишен дилер на дрога од Скопје.

Како што информираат од МВР, на 30. ноември со наредба од Основен суд Скопје 1 извршен бил претрес на домот и други простории кај пријавениот при што пронајдени биле марихуана, хероин и 307 шишенца во кои имало раствор на метадон.

Триесет и деветгодишниот скопјанец се товари дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Треба да знаете
Последни објави