Search

Kремљ: Тврдењата за наводното мешање на Москва во протестите на „жолтите елеци” се клевета

Русија смета дека протестите во Франција се внатрешен проблем на таа земја и не се меша во работите на другите држави, а тврдењата за вмешаност на Русија во француските протести се клевета, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува „Спутник“.

Русија смета дека сè што се случува сега е чисто внатрешен проблем на Франција. Ние не сме се вмешале и нема да се мешаме во внатрешните работи на која било земја, вклучувајќи ја и Франција”, изјави Песков.

Тој рече дека Москва му придава големо значење на развојот на односите со Париз и го почитува суверенитетот на Франција.

Во неделата, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан рече дека францускиот Генерален секретаријат за национална одбрана и безбедност (СГДСН) ги испитува извештаите за наводното мешање на Русија во протестите на  т.н. „жолти елеци“ што беснеат во Франција .

Ова беше објавено откако „Тајмс“ објаву дека стотици Твитер профили наводно поврзани со Русија ги разгоруваат митинзите на „жолтите елеци“, објавувајќи фотографии од повредени демонстранти и ретвитувајќи мислења поврзани со немирите.

Треба да знаете
Последни објави