Search

Kонференција „Градење мостови за заедничка иднина: Западен Балкан на патот кон ЕУ”

Kонференција „Градење мостови за заедничка иднина: Западен Балкан на патот кон Европската Унија” ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел и Институтот за општествени истражувања – МК 91.

На конференцијата, како што најавуваат организаторите, свои обраќања ќе имаат Норберт Бекман-Диркес, официјален претставник на КАС, Томи Хухтанен, Извршен директор на Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, Антонио Лопез-Истуриз Вајт, Генерален секретар на Европската Народна Партија, пратеници од Европскиот парламент, експерти и политичари од целиот регион и од земјата.

Конференцијата е поделена во три панели на теми – Членството во ЕУ наспроти домашните политички реформи, Обезбедување економска иднина за Западен Балкан во светло на европската перспектива на регионот и Глобалната пандемија со КОВИД-19 и предизвиците поврзани со здравствената заштита, образованието и општествените прашања.

Заради зголемениот број на позитивни случаи со Ковид-19 настанот ќе биде организиран во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита од корона вирусот, како хибридна / дигитална конференција преку ZOOM и со физичко присуство само на локалните говорници, организаторите и медиумите.

Треба да знаете
Последни објави