October 14, 2019 01:03
Балкан

Kоштуница предлагал Косово да биде како Хонг Конг

Последниот претседател на Сојузна Република Југославија Војислав Коштуница имал предлог статусот на Косово да се реши по примерот на Хонг Конг со Кина.

Тоа би значело еден вид на контролирана независност, односно де факто би фунционирало како суверена држава но без целосна независност која би била под контрола на Белград.

Тој кажа дека предлогот би се засновал на моделот на Хонг Конг.

За него тврди дека би бил компромис кој би ги исклучил сите екстремни опции и дека бил успешен, одржлив и функционален.

„Надгледуваната автономија, за разлика од надгледуваната независност, е согласна на Повелбата на ОН и уставот на Србија. Со тоа ќе им беше овозможено на Албанците на Косово и Метохија сами да управуваат со својата иднина и да ги остваруваат своите интереси, а од друга страна Србија, согласно Повелбата на Обединетите нации, ќе ги задржеше суверенитетот и интегритетот“, кажа Коштуница.

Коштуница, кој по оставката на државните и партиските функции се повлече од партискиот живот, во првото јавување во јавност по повеќе години оцени дека „предлогот за суштинска автономија во иста мера е жив и обезбедувал стабилно и одржливо решение за статусот на српската покраина“.

Тој, меѓутоа не одговори конкретно на новинарското прашање дали неговиот предлог и денес би бил одржливо решение за Косово.

 

Нови вести

Орбан ги загуби изборите во Будимпешта

Igor

Алергиски реакции кај службениците кои броеле гласови во Косово

Filip

Рама за „Ајриш Тајмс”: Не сум оптимист за почеток на преговорите

Filip