February 27, 2020 15:21
Култура

Kонкурсот за наградата „Роман на годината” завршува утре

Книгите што конкурираат за наградата „Роман на годината” за 2019-та ќе се примаат заклучно до утре до 19 часот во читалницата „Славко Јаневски” (во кулата до гимназијата „Јосип Броз Тито”), соопшти Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски”.

Романите во пет примероци може да бидат пратени и по пошта, на адреса на Фондацијата: бул. „Кузман Јосифовски Питу” бр. 19/6-40, Скопје.

Жири-комисијата треба да го соопшти името на годинашниот лауреат најдоцна до 15 март, а свеченото врачување на наградата ќе биде во првата половина на април.

Наградата „Роман на годината” годинава ќе биде доделена по 21-ви пат.  Таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.