Свет

Kазнети 3.600 долари зашто на една минута го напуштиле карантинот

Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за нешто повеќе од една минута.

Рибарите пристигнале во Тајван со авион на 15 ноември 2020 година и се пријавиле во установата за карантин. Вечерта на 22 ноември излегле од собите за да купат храна. Кога влегле во лобито на хотелот, персоналот им рекол веднаш да се вратат во собите, што и го направиле.

Сепак, и покрај тоа што биле отсутни нешто повеќе од една минута, рибарите биле казнети од здравствените власти, објавија тајванските медиуми.

Но бидејќи не платиле навреме, официјалните лица објавија дека должат 9.700 американски долари за казни и такси за собата. Нивниот работодавец на крајот ја плати сумата во име на двајцата казнети.

Островската држава има некои од најстрогите правила за карантин во светот. Во 2020 година беше објавено дека работник мигрант од Филипините бил казнет со околу 3.500 американски долари затоа што ја напуштил својата карантинска соба во Каосиунг за само осум секунди.

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train Episode Full

4Anime SK8 the Infinity (Dub)

4 anime DARLING in the FRANXX

That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 19

Attack on Titan