Search

Јанушев: Кој го прати Груби на средба со Нимиц

Јанушев: Кој го прати Груби на средба со Нимиц

Министерството за надворешни работи и Премиерот Заев се должни да одговорат кој го прати Артан Груби на средба со посредникот Нимиц? Во чие име Груби ги изнесува идеите на грчките авторитети? Кои се тие идеи? Зошто се кријат од македонската јавност? Дали пораките на грчките авторитети премиерот Заев ги пренесува токму преку Артан Груби?

Ова се прашањата кои денес ги упати генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, откако пратеникот од ДУИ Артан Груби имаше работен ручек со медијаторот Метју Нимиц.

– Пратеникот од владејачката коалиција кој разговараше со Нимиц самиот посочи дека не бил најголем проблем името, туку останатиот дел од договорот кој се однесувал на идентитетот, јазикот, националноста, употребата и преводот. Во пресрет на разговорите меѓу Димитров и Коѕијас се наметнува дилемата за кои одвоени прашања ќе разговараат двајцата министри? Дали ќе останат на ставот дека нема да се разговара за идентитетот, за промена на Уставот, јазикот и националноста – како што ветуваше Заев или се е ставено на маса за пазарење како што изјави Груби? – рече Јанушев.

Тој побара ако наводите на Груби не се точни и не се преговара за идентитетот, јазикот и националноста, Владата да се огради и да ги отфрли неговите идеи.

Треба да знаете
Последни објави