Search

Ја убил сопругата, па целиот крвав на Фејсбук во живо објавил страшна порака

Ја убил сопругата, па целиот крвав на Фејсбук во живо објавил страшна порака

40-годишниот Абу Марван е обвинет дека во местото Милакер, на југот на Германија, 37-годишната сопруга четири пати ја забодел со нож во врат, а потоа побегнал со едното од нивните деца. 

Полицијата кратко потоа го уапсила, а во неговиот стан ја пронашла нивната малолетна ќерка.

Марван и неговата сопруга се развеле, а таа добила право на старателство над нивните три деца. Марван наводно рекол дека таа го исфрлила од куќата кога се обидел да ги поправи односите и повторно да го обедини семејството.

“Alarabiya.net” јавува дека мажот на пријателите на Фејсбук им кажал дека сака да прати порака до сите жени кои ги нервираат мажи се заканил: “Вака ќе заврши”.

И Марван, и неговиот син ги повикале корисниците на социјалните мрежи да го споделат видеото за да го видат повеќе луѓе.

 

Треба да знаете
Последни објави