Search

Ја донеле да ја пораѓаат, а во храната што и била донесена имало таблети во сина боја

Медицинска сестра на скопската Клиника за Гинекологија вчера пријавила дека била примена родилка на која нејзини познаници во сендвич и ставиле четири таблети сина боја, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 22,00 часот од страна на медицинска сестра пријавено е дека на Клиниката, каде била примена родилка со породилни болки, дошле три машки лица- нејзини познаници, кои и донеле храна, а во сендвичот вработените пронашле четири големи таблети сина боја.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави