Search

Jувентус го сака Трипиер во своите редови

Италијанскиот шампион Јувентус му понудиле петгподишен договор  од 2.6 милиони евра по сезона на бекот на Тотенхем, Киран Трипиер, пишуваат италијанските медиуми.

Сепак, според истите извори, англискиот клуб не сака да го пушти својот играч доколку понудата за него не изнесува 25 милиони евра, што може да биде проблем за остварување на трансферот, иако британскиот репрезентативец прихватил да игра во Серија А.

Во Торино, 28 годишниот фудбалер би требал да го замени Португалецот Жоа Кансело, кој кариерата ќе ја продолжи во Манчестер сити.

Инаку, Трепиер доаѓа од школата на Сити, а во Тотенхем е од 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави