Search

Jоанис победи во првиот круг на претседателските избори во Романија

Актуелниот романски претседател Клаус Јоанис освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори, а во вториот круг негов противник ќе биде лидерот на опозициската Социјалдемократска партија Виорика Данчила, покажаа прелиминарните резултати.

Јоанис освоил 28,7 проценти од гласовите, Данчила 22 отсто, додека лидерот на Сојузот за спас на Романија, Дан Барна освои 16,1% од гласовите.Според објавените податоци, излезноста е 48 проценти, со рекордно гласање на дијаспората.
Резултатите од изборната комисија се очекуваат денеска.Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 ноември.

Треба да знаете
Последни објави