March 22, 2019 03:54
Скопје

Jп ,,Комунална хигиена” продолжува со расчистување на снегот во Скопје

Во текот на денешниот ден, со 60 работници на терен, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со активностите за чистење на снегот и мразот на булеварите и улиците. Се расчистува реонот околу Градската болница, Државната болница и поголемите поликлиники, Владата и Собранието на РМ, централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, како и Старата чаршија. Непрестано се расчистуваат и посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите Гоце Делчев, Слобода, Мајка Тереза и Камениот мост, за да се овозможи безбедно движење на пешаците. Од механизацијата на терен се употребуваат мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол.

Нови вести

Градот Скопје ќе наградува компании, домаќинства и институции за придонес во животната средина

Filip

ЈДГ „Весели Цветови“ одбележа 74 години постоење

Igor

Подводно чистење на езерото Матка

Igor