November 29, 2022 05:23
Скопје

Jавниот превоз в недела со изменет режим поради маратонот

В недела (2.10.2022 година), во период од 7 до 13:30 часот поради одржување на „Визер скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.

Од 7 до 13:30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б и 59Б.

Во период од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57.

Линии со непроменета траса

– градски линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45 и 65В.

– приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71 и 81.

Ги потсетуваме сите учесници на маратонот дека в недела ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица).

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЊЕ

Линија 3

– од Спортска сала „Јане Сандански“ до Југодрво по редовна траса, продолжува по ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“ до Панорама

– во обратна насока, од Панорама, ул.  „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса до Мајчин дом, па лево до Спортска сала „Јане Сандански“

Линија 3Б

– од Кванташки пазар до Jугодрво по редовната траса, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), лево по бул. „Мајка Тереза“ до Панорама

– вo oбратна насока, од Панорама, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво) и продолжува по редовната траса до Мајчин дом, па лево по бул. „АСНОМ“, лево по бул. „Киро Глигоров“ и продолжува по редовната траса

Линија 5

– од Дексион, ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево, бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал)

– од Ново Лисиче, по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Дексион (терминал)

Линија 7

– од Горно Лисиче (Хемтекс), бул. „12 Македонска бригада“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Карпош 3 (терминал)

– од Карпош 3, по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, десно по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „12 македонска бригада“ и по редовната траса до крајна станица

Линија 9

– од Скопје Север по својата редовна траса

– во обратен правец од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса

Линии 15 и 15А

– од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“ и продолжува по редовна траса

– од Карпош 4 до Соборен храм по редовна траса, па по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал)

Линија 16

– од Пржино, бул. „Кочо Рацин“, бул. „Крсте Мисирков“, Бит-пазар и продолжува по редовна траса

– во обратна насока по редовна траса до Бит-пазар, право по бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовна траса до крајна станица

Линии 21 и 22

– од Транспортен центар, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса

– во обратна насока по истата изменета траса

Линија 23

– од Ченто по редовна траса до Југодрво, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“, на постојката спроти Рамстор

– во обратна насока од постојка пред Рамстор, лево по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, Југодрво и продолжува по својата траса до Мајчин Дом, лево по бул. „АСНОМ“, лево по бул. „Киро Глигоров“ и продолжува по својата редовна траса

Линија 25

– од Транспортен центар до Југодрво по редовна траса, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), лево по бул. „Мајка Тереза“ и продолжува по редовната траса

– во обратна насока од Средно Водно до Клинички центар по редовна траса, потоа десно по ул. „ Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса

Линија 25А

– од почетна постојка пред „Автомакедонија“ до Средно Водно по редовна траса

– во обратна насока од Средно Водно до Клинички центар по редовна траса, потоа десно по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, лево кон терминал „Автомакедонија“

Линија 27

– од ул. „Вардарска“ по редовна траса до Југодрво, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ до постојката спроти „Рамстор“

– во обратна насока од постојка пред „Рамстор“, лево по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, Југодрво и продолжува по својата редовна траса до Мајчин дом, лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“ и до крајна постојка по редовната траса

Линија 28

– од Македонско село, с. Горно Нерези до Козле терминал 57

– во обратна насока по истата изменета траса

Линии 41, 31, 51, 67 и 70

– од почетен терминал по редовна траса по бул. „Борис Трајковски“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“ до Транспортен центар

– во обратна насока од Транспортен центар десно по бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Борис Трајковски“ до крајна станица по редовната траса

Линии 50 и 50А

– од Хиподром и Маџари по редовната траса до Бит-пазар, потоа продолжува до Југодрво, ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“ до Клинички центар

– во обратен правец од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“, Југодрво, Бит-пазар и продолжува по редовната траса

Линија 57

– од Козле по редовна траса до крстосница со бул. „Мајка Тереза“, право по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“, Југодрво, Бит-пазар и продолжува по редовната траса

– од Радишани до Бит пазар по редовна траса, потоа продолжува до Југодрво, ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“, десно по ул. „Васил Ѓоргов“ и продолжува по редовна траса

Линија 59

– од Карпош 3 по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, бул. „Гоце Делчев“, лево кај Бит-пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица

– во обратна насока по истата изменета траса

Линија 59А

– од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, десно по бул. „Крсте Мисирков“ кон Бит-пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица

– во обратна насока по редовна траса до Бит пазар, право по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“ до Ново Лисиче (терминал)

Линии 58, 58а и 58б

– од почетни станици во Добри дол, Света Петка и Брзовец по редовна траса до семафорот со ул. „Борис Трајковски“, потоа десно кај Општина Кисела Вода по бул. „Борис Трајковски“ и продолжува по својата редовна траса