Search

Извршител со меко срце: Исфрлил семејство од стан, а сега им плаќа кирија

Еден судски извршител од Радом, во централна Полска по барање на судот од стан исфрлил стара жена и нејзиниот возрасен син.

Но, се се променило кога дознал дека се задолжиле за да платат лекување, бидејќи синот боледува од рак, па им изнајмил стан кој го плаќа од свои пари, се додека градот не им додели општински стан.

-Тоа е единствен случај во Полска. Во нашиот центар дојде тој извршител кој неколку дена порано ги исфрлил на улица и предложи на свој трошок да изнајми стан за мајката и нејзиниот болен син. Можат во тој стан да останат се додека не добијат општински, што може да потрае неколку месеци. Извршителот молеше да не го објавуваме неговото име, но морам да признаам дека сум трогнат од неговиот гест, за полските медиуми изјавил Влоџимјеж Волски, од локалниот центар за кризни интервенции.

Кога ги исфрлувал од станот 60 годишната мајка и нејзиниот 35 годишен син, извршителот не знаел дека синот боледувал од рак, а толку се задолжиле толку што долговите ја поминале вредноста на станот, баш поради лекувањето.

-Секако, таа госпоѓа направила голема грешка затоа што не доаѓала во судот на расправи и судот не знаел каква им е семејната судија. Пресудил да бидат исфрлени од станот и тоа без право на социјален смештај, кажал Волски.

Задолжениот стан го купило во фазата на извршување приватно лице и извршителот морал да ја спроведе пресудата, но штом дознал се сожалил и решил проблемот на семејството да го реши на свој трошок.

Тој дури и побарал нивниот стан да биде блиску до болницата каде се лечи болниот син.

Треба да знаете
Последни објави