Search

Изречени мерки за претпазливост за Бобан Илиќ

Изречени мерки за претпазливост за Бобан Илиќ

Веднаш во првиот момент кога вчера попладне беше ослободен од притвор во Шутка, обвинетиот за убиството на Алмир, Бобан Илиќ ѝ се закани на екипата на ТВ21.

Според официјални извори, денеска судијката Маја Денковска на Бобан Илиќ му изрекла мерки на претпазливост, поради како што вели, можноста обвинетиот да изврши слични дела.

Против одлуката за ослободувањето на Бобан, уследија бурни реакции како од граѓаните, така и од политичарите. Премиерот Зоран Заев, ја осуди провокацијата на Бојан Илиќ, кој пред судската зграда му покажа среден прст на семејството Алиу, како и заканата на обвинетиот во случајот на новинар на ТВ21, пред затворот во Шутка.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, смета дека со вчерашната одлука, надежите за реформи целосно згаснале. Тој побара оставка од министерот за правда, Биљен Салији.

„Со вознемиреност ја следиме оваа ситуација и не можеме да речеме дека оние кое се таму се луѓе кои делат правда, кога убиството на едно четиригодишно момче го преквалификуваа во сообраќајна несреќа. Ова е врв на непочитување на туѓиот живот, врв на непочитување на граѓаните на Македонија. Кога смртта на едно дете, односно судењето за овој случај, добива етничка конотација, тоа е аларм дека ова општество е пред згаснување“, порача Села.

Експертот по правни прашања, Насер Зибери, вели дека случајот „Алмир“ е пример за злоупотреба на службената должност од страна на Судот и Обвинителството.

„Лице кое при првиот чекор покажа дека е неконтролирано и несовесно, со неговото однесување предизвикува опасност за општеството. Со ваквата одлука може да се создадат ефекти кои можат да бидат причина за други кривични дела и лицето да го претворат во рецидивист. За ова, одговорност ќе сносат Обвинителството и Судот, кои донесоа ваква апсурдна одлука“, додаде Зибери.

Инаку, судскиот процес се одвива веќе речиси две години. Пред Здравствениот дом во Куманово расправијата меѓу обвинетиот Бобан Илиќ и таткото на Алмир, прерасна во физичка пресметка, во која се вклучија и нивните роднини. Во инцидентот, единствената жртва беше 4-годишниот Алмир Алиу, кој почина од здобиените повреди. Следното рочиште е закажано за 2 април.

Треба да знаете
Последни објави