Search

Избегнале масакр на неверојатен начин: Вака гостите успеале да извлечат жива глава кога во хотелот влегле терористи

Кога талибаните го нападнале хотелот “Intercontinental” во Кабул, гостите се обидувале да се спасат како што знаат и умеат.

Пет вооружени борци со самоубиствени елеци влегле во хотелот и земале странски и авганистански службеници како заложници. Опсадата траела 13 часа, а загинале 19 луѓе./ 

Луѓето кои биле заробени на балконите на повисоките катови врзале чаршави и така се обиделе да се спуштат на земја. За тоа време, се слушнало пукање, а дел од хотелот бил во пламен.

 

Камерата снимила како двајца мажи успеале да побегнат од собите кои биле исполнети со чад.

 

“Скокнав од вториот кат, ги повредив грбот и ногата. Бев во несвест околу пет минути”, рекол еден од преживеаните.

Треба да знаете
Последни објави