Search

Истанбул – Срцето на Византија

Истанбул – срцето на Византија и Отоманската империја

 Истанбул, некогаш нарекуван Константинопол, во чест на римскиот цар Константин, Византиум или Цариград, сместен е на Босфорскиот истмус, а во текот на својата долга историја, бил престолнина на дури три големи империи; римската, византиската и отоманската. Ова е најголемиот град во Турција, иако од прогласувањето на модерната Република од страна на Ататурк, во 1923. година, главниот град на државата станала Анкара. Заедно со Печух во Унгарија и Есен во Германија, Истанбул е избран за европскиот главен град на култура, во 2010. година.

 

Истанбулските области се поделени на три главни подрачја;Историски полуостров, каде се наоѓа стариот Цариград, во касната отоманска ера наречен Стамбол. Ова подрачје завршува со тврдините на Теодосиј, Златната порта и тврдината Једикуле. Северно од Златниот рог, на чии јужни крајбрежја се наоѓа полуостровот, сместена е средновековната тврдина Галата и последната Султанова палата. И на азиската и европската страна од Босфор, можат да се видат убавите вили на богатите. Областите во азискиот дел некогаш биле одвоени градови. Денес таму живее третина од жителите на градот, а подрачјето е полно со стамбени и деловни зони. Целиот град има околу 10 милиони жители.

 

Истанбул е мешавина на различни култури и религии. Археолошкиот парк Златен рог, заштитен е од Унеско, а во неговиот склоп се наоѓаат спомениците како што се хипоромот на Константин, тврдините на Теодосиј, Аја Софија, најголемата светска катедрала, Сината џамија и палатата Топкапи Сарај. Во областа Сулејманија, изградена во периодот на Сулејман Величествениот, сместени се Валенсовиот аквадукт, џамијата Јени и 525 традиционални дрвени куќи. Во квартот Зејрек се наоѓа манастирот на Христос Пантократор, од времето на Иван Втори од династијата Комнен.

 

Освен историските споменици од различни ери, жилите на градот се и старите пазари, меѓу кои е најславен Големиот пазар, а, бидејќи Истамбул е модерно и урбано исто колку и култрно- историско средиште, изобилува со многу видови на забава и места за ноќни излегувања.

Треба да знаете
Последни објави