Search

Интервју со најдобриот Македонски Кантер Страјк: Глобал Офензив тим

Во Македонија овие изминати години се појавија голем број гејмери, со желба за успех во но и надвор од нашите простори.

Македонските талентирани E-спорт играчи, за нивната посветеност и љубов кон гејмингот изминативе 10 години беа наградувани на светски турнири. За жал, нивниот успех најчесто останува незабележан. Главната слика која луѓето ја гледаат кога станува збор за оваа индустрија претставува тотално губење време, што резултира со тоа гејмерите да не се поддржани ниту од семејствата. Сепак гејмерите упорно ги следат своите соништа и се надеваат дека ќе допринесат успех не само за себе си, туку и за својата држава и често пати се обидуваат да ги убедат своите најблиски дека е можно да се има профит и успех со Е-спортот.
Во нашата држава луѓето се скептични кога станува збор за овој начин на заработка, а пак гејмерите се етикетирани како мрзливи луѓе кои избегнуваат физичка работа. Во Македонија гејмингот како е-спорт се уште не е официјализиран, што придонесува негативен ефект и ги обесхрабрува младите целосно да му се посветат, додека пак на светско ниво тоа веќе се смета за навистина одлична инвестиција.

Минатата година во Јануари, пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, при расправата на Законот за спорт, предложи додавање на видеоигрите и игрите со карти. Таа побара можност за отворање на законот и негово подобрување, меѓу другото, со додавање на е-спортот. За жал тоа остана така, недовршено.

hLUJLaF

 

Што претставува Е-спорт?

“Е-спорт претставува мултиплеер видео игра, играна од страна на професионални играчи, исклучиво пред публика.” – не’ информира Даниел “DAN1ZZZZ” Хајредин од Vilay Esport

Според Вас постојат ли “професионални” играчи на видео игри?

– Да, тоа е токму она што го велам. Навистина сум изненаден што луѓето не го знаат ова, со оглед на големината на гледаноста, исто како што и луѓето се изненадени со овој одговор кој го давам. Играчите заработуваат од спонзорства, стриминг (претплатници на нивните преноси во живо, twitch.tv -најголемата платформа за пренос во живо на Е-спорт), натпреварување и освојување турнири од високо ниво.
 
Дали имате спонзори или одите на турнирите со сопствени средства?
– Нашите спонзори се Вилај Еспорт, норвешка организација која ни помага да отидеме на сите турнири на нашите простори, но и надвор од Македонија. Исто така би сакал да се заблагодарам на Life Codes, кои се најголемите спонзори на Вилај Еспорт. Во иднина се надеваме на развивање на е-спортот во нашата држава, а и секако би ни била огромна чест да ја претставиме Македонија со македонска организација.
 
 
Играчи кои се дел од тимот:
 
Семих “Osama” Ќамил
Даниел “DAN1ZZZZ” Хајредин
Владимир “Savadze” Ступар
Борче “boro” Ѓоргиевски
Димитар “raniiiN” Аврамовски
 
Спонзори на тимот: 

Website: https://vilayesport.com/
 
Главен спонзор:
 
21192090 206384529899382 6502724549998739135 n
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 


 

Треба да знаете
Последни објави