Петок, 20 Април 2018

Анкета: Граѓаните поддржуваат промена на името заради влез во ЕУ и НАТО

Анкета: Граѓаните поддржуваат промена на името заради влез во ЕУ и НАТО

Решение на проблемот со името со цел побрз влез на Македонија во ЕУ и НАТО подржуваат 61 процент од македонските граѓани (43 целосно, а 18 отсто донекаде), покажуваат резултатите од телефонска анкета на 1.000 испитаници спроведена од 19 до 26 јануари од М-Проспект за Институтот за Демократија Социетас Цивилис Скопје.

Поддршка за промена на името со цел влез во ЕУ и НАТО изразиле 50 проценти од Македонците (30 отсто целосно, а 20 донекаде), а 95 проценти од Албанците (84 целосно, а донекаде 11 отсто).

На прашањето дали со промената на името ќе се промени и значењето на тоа што е Македонија и македонскиот народ, 34 проценти одговориле дека целосно ќе се промени, 19 дека до некаде ќе се промени, 33 отсто дека воопшто нема да се промени, а четири проценти оти донекаде нема да се промени.

За 60 проценти од анкетираните Македонци со промената на името ќе се промени и идентитетот (за 40 проценти целосно, а за 20 донекаде), додека 35 проценти го сметаат спротивното.

Кај Албанците 30 отсто сметаат дека ќе се промени (13 целосно, а 17 делумно), а 48 отсто се на став дека идентитетот воопшто нема да се промени и дополнителни 10 отсто дека донекаде нема да се промени 

 

Newsletter

Претплатете се на нашиот newsletter. Не испуштајте ниедна вест!