Петок, 20 Април 2018

Борисов: Издејствував 120 милиони евра од Европа за Македонија, за автопат Скопје-Софија

Борисов: Издејствував 120 милиони евра од Европа за Македонија, за автопат Скопје-Софија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека во Давос издејствувал 120 милиони евра од Европа за Македонија, за изградба на автопат од Скопје до Софија, објави Xaknews.

- Зборував со Меркел и со Јункер и тие ми ветија пари за Македонија и за нас, за да се изгради автопат од Скопје до Софија, што отсекогаш беше приоритет. Зоран Заев ме замоли да се заложам за тоа, што го потврдува фактот дека сум приемчив за сите соседи како лидери на Балканот. Успеав да ги убедам Меркел и Јункер дека тој автопат е од животно значење за Западен Балкан и за сигурноста во регионот и дека со тоа уште еднаш ќе им докажеме на сите дека Европа е едно семејство во кое сите се еднакви. Приоритетите на бугарското европско претседавање вистински се оценува од сите во Европа и тие ни помагаат да се развие Балканот - вели Борисов. 

На прашањето, зошто бара пари за Македонија, наместо да побара за северозападна Бугарија за автопатот од Софија до Видин, тој одговори:

- Парите за северозапад одамна и се пуштени на Бугарија и ние работиме, па во најскоро време автопат Софија-Видин ќе има. Народот треба да се стрпи уште малку, за две до три години тоа ќе се случи. Не е тоа пат обична улица за да се направи за десет дена - рече бугарскиот премиер. 

 

Newsletter

Претплатете се на нашиот newsletter. Не испуштајте ниедна вест!