Search

IN MEMORIAM: Битката со коронавирусот ја загуби ракометниот работник Саше Ѓорѓески

По кратка битка со коронавирусот утрово почина познатиот македонски ракометен работник, Саше Ѓорѓески од Гостивар. Ѓорѓески своевремено беше ракометар, кој настапуваше во Гостивар, но и во Супер лигата во екипата на Југ, пред да ја заврши кариерата поради повреда и да се префрли во судиските води.

Имаше долга и успешна судиска кариера во пар со Васе Зипевски. Беше познат како секогаш насмеан, ведро расположен, познат и по гитарата и песната, како негова голема љубов покрај ракометот. Откако пред две години заврши со судиската кариера, продолжи како делегат и беше активен се до моментот на неговото прерано заминување.

Саше е татко на голманот на Металург, Даниел Ѓорѓески.

Треба да знаете
Последни објави