Search

Името на Ратко Младиќ осамна на натпреварот на Вардар

Партизан и Црвена Звезда некако успеаја да ги исконтролираат своите навивачи и тие се откажаа од јавно искажување поддршка кон Ратко Младиќ (неговото име не беше спомнато никаде иако „Делије“ на мечот на Звезда извадија еден голем транспарент) на натпреварите не своите екипи.

Зенит не успеа или можеби немаше намера да ги убедува. Но, на натпреварот против Вардар на една од трибините осамна транспарент за поддршка на српскиот генерал.

“Ратко Младиќ – херој на Србија”, пишуваше на него.

Дали сега УЕФА ќе остане доследна и ќе го исфрли Зенит од Лигата Европа како што им се закануваше на Партизан и Звезда

 

Треба да знаете
Последни објави