Search

Ибра го напушта Јунајтед

Англиските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Златан Ибрахимовиќ може да го напушти „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок.

Иако повреден Ибрахимовиќ минатото лето го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“, се врати на терените пред време, но јасно е дека тој и Лукаку не можат да играат заедно.

На Швеѓанецот му се потребни повеќе минути на теренот за да ја врати формата, па размислува да ја промени средината во зимскиот преоден рок.

Според најновите информации, Ибра ќе се пресели во САД или во Кина, каде што е посакуван од тамошмите тимови, и на тој начин ќе извлече многу сериозна плата за себе.

Интерес за Ибрахимовиќ не недостасува, а со оглед на не толку високото ниво во двата шампионати, тој може да ја поврати формата по тешката повреда, тврдат англиските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави