Search

Ѝ влегле во домот, барале пари, ја расекле и си отишле

Ѝ влегле во домот, барале пари, ја расекле и си отишле

Вчеравечер околу 22.30 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Архитект Никола Добровиќ” две непознати лица влегле во домот на Ж.Т.(26) и почнале да и се закануваат барајќи и пари.

Потоа ја турнале на подот и со нож и нанеле расекотини на десната нога и левата рака, по што го напуштиле местото на настанот. Повредената Ж.Т. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот, информираа од полицијата.  

Треба да знаете
Последни објави