Search

И Шилегов ќе го продава „мерцедесот“ што го наследи од Коце

И Шилегов ќе го продава „мерцедесот“ што го наследи од Коце

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, планира да го продаде „мерцедесот“ што го наследи од неговиот претходник Коце Трајановски.

– Во план ми е да го продадам. Старо е 15 години, речиси небезбедно – рече Шилегов на брифинг со новинарите.

Според него, возилото не е функционално, старо е, небезбедно и ја загрозува животната средина. Возилото е произведено во 2003 година и има поминато 14.000 километри.

Тоа би се продавало на јавно наддавање, но сѐ уште не утврдена почетна цена.

Треба да знаете
Последни објави