Search

И Римјаните со жестоки критики за судењето: Ова не е нормално!

 

Фудбалерите на Рома останаа без пласман во финалето на Лигата на шампионите откако синоќа беа елиминирани од Ливерпул.

Рома славеше со 4:2, но тој резултат не беше доволен за пласман во финалето, со оглед на тоа што Ливерпул на првиот натпревар победи со 5:2. После натпреварот, од римскиот клуб жестоко го нападнаа судијата Дамир Скомина кој, според нив, имал неколку контроверзни одлуки на штета на Рома.

„Судиите влијаеа на резултатот.Примивме гол од офсајд на првиот натпревар, а сега не добивме два пенали, од кои за едниот сигурно следуваше црвен картон. Време е да го кренеме гласот, затоа што не е оштетена само Рома, туку и Јувентус. Италијанскиот фудбал мора да реагира затоа што ова е шокантно“, изјави спортскиот директор на Рома, Мончи и додаде:

„Не разбирам зошто ВАР не се користи во најважното клупско натпреварување во светот. Фановите се шегуваат дека со ВАР во финалето ќе играа Баерн Минхен и Рома, но тоа се чини дека е вистина“, додаде Мончи.

Треба да знаете
Последни објави