Search

(ФОТО)ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: Група граѓани на социјалните мрежи бараат решение за бездомниците

Листајќи ги статусите на социјалните мрежи наидовме на една објава која што навистина ни го привлече вниманието и решивме да ја објавиме на нашиот портал.

“Сограѓани мои, додека вечерва на -2°С ние заспиваме во нашите топли домови, еден човек среде Скопје спие покриен само со едно ќебе, врз парчиња стиропор, на пешачкиот на Бит Пазар, среде булеварот К.П. Мисирков. Овој човек не е од оние што ви досаѓаат по семафори, тој не застанува никого што поминува на пешачкиот, тој на крајот на денот не оди никаде со собраниот “промет”, нему пешачкиов му е дом и дење и ноќе.
Боже мој, а колку ли ги има вакви што не ги знаеме? Колку ли степени ги делат од тоа никогаш повеќе да не се разбудат? Прави ли државата нешто за да се спречи страдањето на овие луѓе, а толку бескорисни згради има во градот, кои можат да се искористат како дом за овие лица? Постојат ли трајни решенија за овие страшни појави?
Имаат ли колегите од Црвен Крст мобилна единица да ги згрижува ваквите случаеви?”

Ова е фејсбук статус на Јасмин Реџепи, статус кој што допре до јавноста и до мобилните единици на Црвен Крст каде што откако ја виделе објавата веднаш реагирале за овој наш граѓанин да биде згрижен.

Се надеваме дека на оваа иницијатива надлежните институции нема да затворат очи туку и тие ќе придонесат затоа што секој заслужува топол дом. Јасмин и Сандра вие сте наши херои

like.JPG

jasminpost.JPG

Треба да знаете
Последни објави