Search

HUAWEI nova 9 пристигнува на македонскиот пазар со кампања за претходна нарачка во комплет со Huawei FreeBuds 4

Веднаш по официјалната премиера на новиот смартфон HUAWEI nova 9 во Виена на 21 октомври, започнува кампања за претходна нарачка на моделот на македонскиот пазар. Кампањата ќе трае до 31 октомври 2021 година. Така, секој што нарачал HUAWEI nova 9 во периодот од 21.10 до 31.10.2021, ќе го добие во комплет со безжичните слушалки Huawei FreeBuds 4. Бојата на HUAWEI nova 9 е според достапноста на одредените места за продажба – Black или Starry Blue, а Huawei FreeBuds 4 во Silver Frost верзија.

Во наведениот период, комплетот може да се нарача во партнерската мрежа на Huawei, која ги вклучува – Македонски Телеком, А1 Македонија, Нептун, Анхоч, Техномаркет и Сетек.

Повеќе информации може да добиете од официјалната страна на Huawei.

Новиот HUAWEI nova 9 има атрактивен дизајн, исклучително тенок и лесен, и целосно се полни за само 38 минути. Ultra Vision системот на задната страна вклучува главна RYYB Ultra Vision камера од 50 мегапиксели, ултра широкоаголна камера од 8 мегапиксели, камера со длабочина од 2 MP и макро камера од 4 см за исклучителни портрети, панорамски или градски фотографии одблизу и далеку. Добивате и селфи камера од 32 мегапиксели со модерни карактеристики. Фокусот е на снимањето во 4K и моќните опции за користење на предната и задната камера за време на едно видео – да се сменат камерите во кадарот на едно видео, да се снима истовремено, “слика во слика”, и многу повеќе. Huawei FreeBuds 4 се TWS слушалки од отворен тип кои репродуцираат звук со висока резолуција и поддржуваат адаптивно намалување на бучавата за максимална долгорочна удобност. Сетот е совршен погодок за модерниот и динамичен начин на живот, со стилски изглед, моќна мобилна платформа и сигурност во однос на траењето на батеријата.

Кампањата трае од 21.10 до 31.10.2021 година или додека не се потрошат количините, по препорачана крајна цена од 29.999 денари.

Треба да знаете
Последни објави