October 22, 2021 09:45
Магазин

HUAWEI MatePad 11 со HarmonyOS и стапка на освежување од 120 Hz сега е достапен на македонскиот пазар во пакет со пенкало и тастатура

Таблетот е базиран на моќниот Qualcomm® Snapdragon™ 865 процесор, 6GB RAM меморија, 128GB ROM, батерија со капацитет од 7.250 mAh и Wi Fi 6 конекција

Првиот таблет, базиран на новиот оперативен систем на Huawei – HarmonyOS 2, веќе е достапен на македонскиот пазар и ќе се продава во пакет со пенкало и мобилна тастатура. Huawei Matepad 11 е и првиот таблет на компанијата со стапка на освежување на екранот од 120 Hz, благодарение на што гарантира исклучително лесно искуство и интеракција со корисникот.

Создаден за новата генерација на паметни уреди, HarmonyOS 2 му дава на HUAWEI MatePad 11 цел спектар на функционалности, надградувајќи ја претходно познатата работа на таблетот. Десктопот е поорганизиран од било кога, нудејќи поефикасна визуелизација на важни кориснички информации. Благодарение на дистрибуираната технологија на која се базира HarmonyOS 2, HUAWEI MatePad 11 може да ги користи ресурсите на други уреди изработени за сите сценарија – од паметни телефони до компјутери, што овозможува поефикасна и креативна работа од страна на крајниот корисник.

Huawei MatePad 11 се базира на моќниот Qualcomm® Snapdragon™ 865 процесор, 6GB RAM, 128GB ROM, батерија со капацитет од 7.250 mAh и Wi Fi 6 конекција. Таблетот поддржува стапка на освежување на екранот од 120 Hz за беспрекорно визуелно искуство и пенкало од втората генерација – HUAWEI M-Pencil. Во комбинација со фреквенцијата од 120Hz на екранот, пенкалото има исклучително брз одговор со задоцнување од само 2ms[1], што овозможува исклучително природен и лесен ракопис на таблетот.

Лесни и убави визуелизации

MatePad 11 е првиот таблет на Huawei кој поддржува стапка на освежување од 120 Hz на неговиот 10,95-инчен FullView екран со резолуција од 2560 x 1600 пиксели и сооднос на екран со тело од 86%. На овој начин, корисниците ќе уживаат во повеќе детали и извонредно искуство со видеа и игри со висока резолуција, а при сурфање низ веб-страници и долги документи, содржината брзо и беспрекорно ќе се вчита за корисникот. Технологијата за адаптација на кадарот помага да се продолжи животниот век на батеријата.

Новиот HUAWEI MatePad 11 поддржува 16,7 милиони бои и DCI-P3 опсег на бои за живописни и природни слики и видеа. Покрај овие неверојатни карактеристики, HUAWEI MatePad 11 е дизајниран да ја минимизира изложеноста на корисникот на сината светлина и треперењето на екранот – двата главни фактори за заморување на очите. Таблетот има TÜV Rheinland Low Blue Light (Hardware Solution) и TÜV Rheinland Flicker Free[2] сертификати, гарантирајќи заштита на видот дури и при долги часови континуирана употреба.

Нов, интуитивен десктоп

HUAWEI MatePad 11 нуди нов дизајн на работниот простор (десктоп), организирајќи ги најважните информации преку чист и интуитивен кориснички интерфејс. Лентата на долниот крај на екранот (Bottom Dock) ги прикажува најчесто користените и најновите апликации. Виџетите (Service Widgets[3]) можат да прикажуваат информации во реално време и да им овозможат на корисниците пристап до одредени карактеристики на апликацијата без да се стартува истата. Овие виџети можат да бидат позиционирани насекаде и се прилагодливи.

Интеракција на повеќе екрани – Таблет-PC

Интеракцијата на повеќе екрани поддржува интеракции[4] помеѓу таблет и компјутер, нудејќи три режими на кои уредите работат заедно на различни начини. Mirror Mode им овозможува на корисниците да го проектираат екранот од компјутерот на таблетот, претворајќи го во табла за цртање што може да се поврзе со HUAWEI M-Pencil (втора генерација) за брзи белешки или додавање прецизна калиграфија[5].

Корисниците можат да ги искористат и предностите на Extend Mode и да имаат втор екран на својот компјутер, уживајќи во уште поголем работен простор. Иновативниот Collaborate Mode овозможува вистински меѓу-платформски интеракции помеѓу HarmonyOS 2 и Windows. Корисниците можат да пренесуваат содржини како што се текст, слики и документи помеѓу поврзани уреди со познатиот гест – drag and drop.

Покрај интеракцијата со повеќе екрани, ја имаме и потполно новата функција Multi-Window[6], која поддржува прикажување до 4 апликации истовремено. Поддржани се и два конкурентни “floating” прозорци, за уште подобар мултитаскинг помеѓу различни апликации. Кога не се потребни, овие прозорци може да се стават во App Bubble за лесен пристап следниот пат кога ќе бидат потребни.

Ажурираниот App Multiplier овозможува две задачи да се извршуваат истовремено во една апликација, благодарение на новата функција Window Lock. Поддржува паралелни и независни операции во два одделни прозорци. На пример, кога користите апликација за купување, можете да отворите две одделни ставки во два одделни прозорци и лесно да ги споредите. Или да пишувате е-пошта во левиот прозорец и да одговорите на пораки во десниот прозорец, што ја зголемува вашата работна ефикасност. Од јуни 2021 година, скоро 4.000 апликации користеа App Multiplier за да обезбедат подобро искуство за корисниците на таблети.

HUAWEI Smart Magnetic Keyboard и HUAWEI M-Pencil (втора генерација)

Новиот HUAWEI MatePad 11 е достапен на македонскиот пазар во пакет со магнетна тастатура и пенкало – совршена комбинација за вашата мобилна канцеларија.

Smart Magnetic Keyboard поддржува магнетна монтажа, подесување под двоен агол, автоматско поврзување преку Bluetooth, безжично полнење и друго. Кога ќе ја прикачите на таблетот со магнетите, таа автоматски ќе се поврзе со него, а исто така и автоматски ќе се полни. Благодарение на интелигентната технологија за магнетна индукција, таблетот веднаш ќе се вклучи кога тастатурата е отворена и ќе мирува кога е затворен. Растојанието помеѓу копчињата е 1,3 мм, што обезбедува удобно пишување.

HUAWEI M-Pencil од втора генерација, доаѓа со нов транспарентен врв со платинеста обвивка и лесна текстура за удобно пишување, ултра-ниска латентност од 2ms[7] и чувствителност на 4096 нивоа на стисок[8]. Полнењето и поврзувањето со таблетот е полесно од било кога – само доближете го до HUAWEI MatePad 11 за да се поврзете магнетно и да ги започнете двата процеса. Пенкалото поддржува многу иновативни карактеристики, вклучувајќи го и HUAWEI FreeScript[9], кој го претвора ракописот во машински кодиран текст во реално време, двоен допир за да се префрлите од тековната алатка, Instant Shape, Instant Table[10], и друго.

Аудио со четири канали за уживање на сите сетила

HUAWEI MatePad 11 е дизајниран како универзален таблет од висока класа, кој нуди одлични можности за работа и забава. Затоа е опремен со аудио систем со четири канали со висока амплитуда и четири звучници кои можат да ја исполнат просторијата со висококвалитетен звук. Аудио системот е дизајниран и наместен од експерти на Harman/Kardon, така што звукот е што е можно поблиску до оригиналот.

Huawei MatePad 11 во пакет со HUAWEI Smart Magnetic Keyboard и HUAWEI M-Pencil (втора генерација) може да се најдат во малопродажната мрежа на Сетек, по препорачана цена од 33.999 денари. За повеќе информации посетете ја официјалната страница на Huawei.

[1] Податоци од лабораториите на Huawei.

[2] Податоците и резултатите од тестовите доаѓаат од лабораториите на TUV Rheinland. Производот не е медицински уред и нема терапевтска функција.

[3] Service Widget се поддржани од одредени апликации. Вистинското искуство може да варира.

[4] Функцијата е поддржана само од одредени таблети на Huawei со HarmonyOS 2 (или понова верзија) и одредени компјутери Huawei со PC Manager 11.1 (и погоре).

[5] Функцијата е поддржана само од одредени компатибилни апликации.

[6] Само одредени апликации ја поддржуваат оваа функција. Адаптацијата зависи од апликацијата и ќе се ажурира во иднина.

[7] Податоци од лабораториите на Huawei.

[8] Вистинскиот ефект може да варира во зависност од различните апликации за ракописно пишување.

[9] Функцијата е поддржана само од одредени апликации. Вистинското искуство може да се разликува.

[10] Instant Shape и Instant Table се поддржани само кога системот е ажуриран на HarmonyOS 2 (и погоре) и само од одредени апликации. Списокот на компатибилни апликации ќе се ажурира во иднина.

ANIMEFLIX: Hikaru no Go: Hokuto Hai e no Michi anime episode Full online free at https://animeflix.nl animeflix another

Website https://gogoanime.be: Watch Servamp Specials gogoanime Episode 3 assassination classroom gogoanime

AnimeBee: Bakuman. anime episode 25 online free at https://animebee.to watch anime

AnimeKisa Watch anime online, English anime online HD

Forum acronis: https://forum.acronis.com/user/358936

Express yudu: https://express.yudu.com/profile/1641348/animefreakws