Search

HUAWEI FreeBuds 4i го добија сертификатот од SGS – Smart Green Certification

Сертификатот покажува дека HUAWEI FreeBuds 4i постигнуваат водечко ниво на грижа и заштита на животната средина, здравјето и безбедноста на потрошувачите

Huawei Consumer Business Group објави дека најновите True Wireless слушалки FreeBuds 4i се одликувани со Smart Green Medal од SGS – меѓународно призната организација за проверка, тестирање, проценка и сертифицирање на производи. Издадениот сертификат покажува дека HUAWEI FreeBuds 4i постигнуваат водечко ниво во индустријата за грижа за животната средина, здравјето и безбедноста на корисникот.

Ова не е прво такво признание за аудио производите на Huawei. Во 2020 година, водечкиот модел HUAWEI FreeBuds Pro стана првиот освојувач на Smart Green Medal во светот, издаден од SGS.

Сигурна сертификација на SGS

SGS е меѓународно призната организација за проценка и сертифицирање на производи, која има долгогодишно искуство во развој на различни стандарди. Од почетокот на работата на Huawei во насока на зелените стандарди за смарт аудио, стручниот тим на SGS активно нуди компетентна помош, совети и решенија кои ѝ помагаат на компанијата да го постигне највисокото ниво во своите производи.

За разлика од сертифицирањето на повеќето производи, тука експертите за SGS ги следеа барањата за Smart Green Medal и темелно ги истражуваа Huawei FreeBuds 4i во пет области, вклучувајќи безбедност на материјалот, безбедност на слухот, безбедност при носење, безбедност од зрачење и безбедност во однос на батеријата. Сето ова има за цел да внимава на здравјето и безбедноста на корисникот при користење на производот, како и да го минимизира влијанието врз животната средина по завршување на неговата употреба.

HUAWEI FreeBuds Pro го добиваат првиот Smart Green Medal на SGS во 2020 година

Smart Green Medal се разликува од обичните сертификати за производи. Потребни се повисоки стандарди на научна проценка на производот и истиот е многу почитуван во индустријата. Сертификацијата на SGS не само што гарантира на потрошувачот поздрав, побезбеден и поквалитетен производ, туку исто така ја мотивира целата смарт аудио-индустрија да се труди да ги почитува зелените стандарди.

Концептот на „зелен производ“

 Huawei е посветен на исполнување на својата општествена одговорност и заштита на природата и здравјето на своите потрошувачи преку постојани технолошки иновации за енергетска ефикасност и други области за заштита на животната средина. Концептот за заштита на животната средина, познат како „зелен“, е интегриран во сите аспекти на планирање, дизајн, истражување и развој на производи, производство, снабдување, работење и одржување.

 HUAWEI FreeBuds 4i користат полимерна дијафрагма PEEK+PU, која е лесна и флексибилна за поголема удобност при носење. Експертите за истражување и развој постојано ја прилагодуваат големината на силиконските додатоци за да се поставени на најприроден и најнезабележлив начин во увто.

Со FreeBuds 4i, Huawei има оптимизирано намалување на бучавата за најчестите ситуации во кои ќе се најдат потрошувачите и локации од секојдневниот живот, како што се трговски центри, автобуски и железнчки станици и канцеларии. Извршена е дополнителна калибрација за најтипичните звуци.

Во однос на безбедноста од зрачење, SAR вредноста на HUAWEI FreeBuds 4i е 40% пониска од меѓународниот SAR стандард за заштита на здравјето на потрошувачите. Траењето на батеријата на FreeBuds 4i ги исполнува и највисоките стандарди за безбедност на потрошувачите.

Без компромиси во квалитетот

 Како добитници на Smart Green Medal, HUAWEI FreeBuds 4i не само што се „зелени“, туку нудат и одлични перформанси по одлична цена. Во нивното компактно тело е 10мм динамичен драјвер, што овозможува поширок опсег на амплитуди за посилен бас. Траењето на батеријата е повеќе од примамливо – 7 и пол часа музика со намалување на бучава или 5 и пол часа континуиран разговор. Со исклучено намалување на бучавата, имате 10 часа континуирана музика. Не помалку привлечно е и брзото полнење – можете да уживате во 4 часа музика со само 10 минути полнење.

На македонскиот пазар, FreeBuds 4i може да се најдат во продажната мрежа на Македонски Телеком, Нептун, Сетек, Техномаркет и Анхоч, по препорачана цена од 4.499 денари. За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на Huawei.

 

 

Треба да знаете
Последни објави