September 24, 2021 08:48
Економија

Huawei ја претстави најмоќната постава на Mate досега

Huawei Consumer Business Group (BG) денес ја засили својата линија на производи со напредната серија HUAWEI Mate 40, најновите револуционерни паметни телефони што им овозможуваат на корисниците чекор напред во технологијата. Прикажувајќи го врвот на технологијата на Huawei, новата серија ја зајакнува посветеноста на компанијата кон иновациите и непоколебливата решеност да го создаде најдобриот Mate досега.

HUAWEI Mate 40 серијата ја има ДНК од Mate серијата во својата суштина. Во текот на последните осум години, бевме сведоци на 10 извонредни Mate уреди и сега најновите паметни телефони го носат Mate кон нови достигнувања со најдобрата технологија во индустријата. Од моќни перформанси до уникатна корисничка интеракција, сè според идејата за најдобро искуство со паметен телефон. HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+ се базираат на првиот и единствен 5-нанометарски 5G SoC, Ultra-Vision cine камера, Space Ring дизајн и попаметно и поинтуитивно дигитално искуство.

Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Business Group, изјави од сцената: “Секоја година, серијата Mate ги собира највисоките технолошки достигнувања во неверојатен уред. Ова е суштината на Mate и тоа го овозможуваме со нашата посветеност кон иновациите. Во овие непредвидливи времиња, нашиот фокус останува на создавање подобра иднина, со иновативни технологии кои имаат позитивно и значајно влијание врз животот на потрошувачите. Ние ќе продолжиме да работиме со нашите партнери за да им го овозможиме искуството на Seamless AI Life на корисниците ширум светот.”

Чекор напред со иконскиот Space Ring дизајн

Како спој на иконски дизајн со иновативни технологии и прецизна изработка, HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+ го следат принципот дека формата е израз на функционалност. Карактеристичниот HUAWEI 88° Horizon Display создава извонредно визуелно поле во компактно тело, а мазните, заоблени агли удобно се вклопуваат во дланката на корисникот. Уредите исто така нудат IP 68 отпорност на вода и прашина, можност за контрола на јачината на звукот со виртуелни и физички контроли и напредни алгоритми за да се спречат реакции при случаен допир.

Олицетворение на чиста убавина, HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+ имаат помал слот за предната камера, во кој се наоѓа 3D отклучување со препознавање на лице (3D Face Unlock), Ultra-Vision селфи камера и Smart Gesture Control.

Задниот дел на уредите го имаат таканаречениот Space Ring Design, еволуција на дизајнот на серијата заснован на круг и симетрија. HUAWEI Mate 40 и HUAWEI Mate 40 Pro се достапни во црна и бела варијанта, како и во неговата неодолива Mystic Silver боја, постигната со облога што создава ефект на промена на бојата и нè носи во мистеријата на невидливото. Исто така, има и две верзии од еко кожа, Sunflower Yellow и Olive Green. HUAWEI Mate 40 Pro+ има нано-керамички панел во две бои – Ceramic White и Ceramic Black.

Чекор напред со Kirin 9000 за нови стандарди, перформанси и 5G

Во срцето на најдобриот Mate е серијата Kirin 9000, целосно опремена за 5G, способна за интензивни пресметки и мултитаскинг, што ги изведува со леснотија. Имплементиран во HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+, Kirin 9000 е најсофистицираниот 5nm 5G SoC, гарантирајќи огромен скок во перформансите и енергетската ефикасност во однос на претходникот. За прв пат, главниот чипсет има повеќе од 15.3 милијарди транзистори[1], што е невидена густина и функционалност на 5G SoC. Моќниот CPU има три нивоа на архитектура за ефикасност на енергијата со јадра што работат на фреквенција до 3,13GHz. Исто така, интегриран е и 24-core Mali-G78 GPU, како и иновативната NPU со 2 големи јадра и 1 мало јадро, што достигнува нов врв во вештачката интелигенција која е на самиот уред.

24-core Mali-G78 GPU во HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+ е најмоќниот графички процесор до сега инсталиран во уред на Huawei. Благодарение на него, корисникот ќе ужива во високи графички перформанси, како и неверојатно искуство со аудио и видео на игрите. Дисплејот со 90Hz работи заедно со 240Hz фреквенцијата на обработка на допир за да обезбеди брз одговор на вашите чекори. Овој аудио-визуелен систем е надополнет со два стерео звучници за да создаде супер бас.

Серијата HUAWEI Mate 40 исто така користи напредна технологија на батеријата за да ги задоволи потребите на 5G и најбрзата верзија на HUAWEI SuperCharge.

Чекор напред со сеопфатен систем дизајниран да ја направи фотографијата едноставна

Фотографскиот систем на серијата HUAWEI Mate 40 е развиен заедно со Leica во потрага по најдоброто можно решение и уште еден чекор напред кон нови надградби на ултра-широката леќа, моќна главна камера со висока резолуција, импресивна телефото камера и многу повеќе. Со Dual Cine и Dual Ultra-Wide камерите на HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+, корисниците можат да снимаат неверојатни видеа и фотографии со широк агол, и од предната и од задната камера.

Кога станува збор за филмска видеографија, HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+ се повеќе од исклучителни.

 

TwistMoe: Ookami to Koushinryou II: Ookami to Kohakuiro no Yuuutsu anime episode Full online free at https://twistmoe.net watch anime free

Food Wars! The Third Plate: Totsuki Train Arc (Dub) Episode 12

Yes ka no ka hanbunka Episode Full

AnimeTV: Cyborg 009 anime episode Full online free at https://animetv.cc dubbed anime

Video-bookmark: http://www.video-bookmark.com/user/gogoanimebe

Debate: https://www.debate.org/animeflixnl/