January 22, 2021 19:05
Магазин

Huawei ги претстави FreeBuds Studio со интелигентно и динамично намалување на бучава и Hi-Fi квалитет

Како дел од глобалната премиера на серијата Mate 40, Huawei Consumer Business Group (BG) ги објави првите безжични over-ear слушалки на компанијата – HUAWEI FreeBuds Studio. Слушалките овозможуваат искуство на HiFi ниво со аудио до 48kHz со висока резолуција, кое ги пренесува најбогатите детали на звукот. Интелигентното и динамично, активно намалување на бучавата (ANC) е број еден во индустријата и работи во три режими, меѓу кои може да се менува во зависност од бучавата во околината. Со поврзување што поддржува два уреди истовремено, корисниците можат да се збогуваат од сложениот процес на поврзување и да се препуштат на звукот на HUAWEI FreeBuds Studio за музика, игри, филмови, конференциски или телефонски повици.

HUAWEI FreeBuds Studio имаат стилски дизајн инспириран од геометриски и едноставни форми, како и лесна употреба. Овие не се само слушалки, туку паметен асистент за подобар, дигитален аудио свет.

 Естетика на геометриски фигури

HUAWEI FreeBuds Studio комбинираат уметност со технологија за да испорача прекрасно дизајнирани и удобни слушалки погодни за различни стилови. Наместо комплексни форми, тие се дизајнирани со чисти линии и кругови, со метален мат финиш. Цилиндрична рамка од не’рѓосувачки челик ги поврзува лентата која оди преку глава и слушалките.

Подобрувајќи го искуството на носење, HUAWEI FreeBuds Studio нуди поголеми кругови со димензии 65х42mm за да се обезбеди удобно вклопување на ушите. Подлогата од еко кожа не само што е мека и пријатна, туку придонесува и за подобра изолација на звукот. Горната лента може да се продолжи до 150 степени за да одговара на различни форми и големини на главата.

Ново искуство на слушање во висока резолуција

Благодарение на професионалните акустични компоненти, HUAWEI FreeBuds Pro поддржува ултра-широк опсег на фреквенции од 4Hz – 48kHz, за да обезбедат одличен звук со богати детали.

Huawei FreeBuds Studio имаат специјално дизајнирана мембрана за драјверот. Четирислојната полимерна мембрана од 40mm овозможува широк одзив на фреквенција и поголема чувствителност, додека безжичниот аудио-кодек L2HC на Huawei постигнува аудио пренос до 960kbps. На овој начин, HUAWEI FreeBuds Studio ги репродуцира оригиналните висококвалитетни звуци со одлични детали.