Search

Хаос во Атина: Поплави, кал по улиците и 10 мртви (фото)

Најмалку 10 луѓе загинале во силните поплави во областа на Атина, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на извор од грчкото Министерство за здравство.

Други извори велат дека бројката се искачила на 14.

„Асошиетед прес“ претходно објави дека четири лица настрадале во обилните поплави што ги зафати периферните населби во западниот дел на грчката престолнина, а патиштата ги претворија во матни брзаци полни со отпад и кал. Исто така поплавени се многу домови и деловни објекти.

Противпожарната служба соопшти дека жена настрадала во нејзиниот дом во Мегара, каде во поплавена куќа било најдено тело на удавен маж.

Противпожарната служба примила 340 повици за помош за испумпување вода од поплавени згради и спасување луѓе кои се нашле заглавени од надојдената вода.

Властите ги затвориле училиштата во областите Мандра, Неа Перамоса и Мегара во Атина, а на некои делови од автопатот Атина-Коринт е невозможно да се помине.

Пожарникарите успеале да ги спасат патниците на автобус што останал заглавен на автопатот откако надошла водата.

Треба да знаете
Последни објави