Search

“Хабитат Македонија” и oпштина Ѓорче Петров потпишаа меморандум за соработка

Здружението за хумано домување “Хабитат Македонија” и oпштина Ѓорче Петров на 05.04.2018 година потпишаа меморандум за соработка во врска со спроведување проектни активности за воспоставување регистар на станбени згради и станови и регистар на управители на станбени згради за секторот домување во Македонија.

Активностите се дел од проект во врска со иницијатива за подигнување на јавната свест за квалитетно домување во колективни станбени згради, значењето на енергетската ефикасност и  управувањето со колективните станбени згради во функција на поддршка на општините за формирање на регистар на станбени згради и станови и регистар на управители, согласно член 112, став 2 од Законот за домување.

29792108_10214773607110289_4903405634600304640_n.jpg

Врз основа на заедничкото разбирање на целите на проектот: воспоставување евиденција на колективните станбени згради и управители, подобрување на енергетската ефикасност и управувањето со станбените згради на територија на општина Ѓорче Петров, при што овој меморандум за соработка претставува рамка за непречено спроведување на активностите во врска со воспоставување регистар на станбени згради и станови и регистар на управители на станбени згради, како прва фаза од соработката. По завршување на овие проектни активности, како втора фаза од страна на општина Ѓорче петров ќе се пристапи кон директна помош и подршка на заедниците на сопственици и управители во спроведување на мерки и инвестиции во енергетска ефикасност.

29790430_10214773607350295_5625149260623249408_n.jpg

Треба да знаете
Последни објави