Search

Груевски му се пожалил на Сијарто дека невини луѓе се во притвор зашто си ја сакаат државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членот на извршниот комитет Владимир Ѓорчев остварија средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто.

„На средбата се разговараше за повеќе актуелни состојби поврзани со повеќе теми од општественото и политичко живеење, како и поддршка за остварувањето на стратешките интереси на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ го поддржа зачленувањето во НАТО и ЕУ и како такво беше подготвена да учествува во реформскиот процес се до моментот кога владата на СДС ги помина сите линии со почнувањето на политичкиот прогон што го започна по доаѓањето на власт кој колуминираше со притвор на 6 пратеници за непостоечко дело тероризам. За жал нема реформи, туку само континуирани ветувања дека ќе ги има.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски посочи дека во Република Македонија загрозени се основните слободи и права и дека ВМРО-ДПМНЕ, повеќе нејзини членови, како и истакнати општествени личности кои не се истомисленици со актуелната влада се мета на жесток политички притисок и прогон.

Невини луѓе се наоѓаат во притвор, само затоа што слободно размислуваат и си ја сакаат и почитуваат сопствената држава и тоа преставува редок пример за една заробена држава во која наместо функционирање на правото и правната држава се носат одлуки под политички диктат, посочи Груевски.

Дополнително беше истакнато дека судството е уценето, а СЈО, а веќе и ОЈО функционира како политички инструмент притоа целосно заобиколувајќи ги правните нормативи.

На средбата претседателот Никола Груевски изрази загриженост за европската мигрантска криза и ја посочи потребата од будно следење на состојбата и активни мерки со кои ќе се помогне во надминување на предизвиците.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изрази благодарност за поддршката на Унгарија во остварувањето на стратешките интереси на државата и дека останува потребата од целосна посветеност на владата за овозмозување на членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО алијансата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави