Search

Груевски и Јанакиески денес пак во суд

Поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денес пак ќе влезат заедно во иста судница, но овој пат за насилството во општина Центар.

Откако двајца признаа вина, а за еден судијката Татјана Михајлова ја одвои постапката, во овој предмет заедно нив сега им се суди уште на девет лица. Груевски и Јанакиески и вчера беа заедно во иста судница и седеа еден до друг како обвинети во случајот „Траекторија“. 

Тие како обвинети, ниту во едниот, ниту во другиот предмет не се согласија сниматели и фотографи да влезат во судница и да направат снимки и фотографии од нив на обвинителна клупа.

 И покрај уредните дозволи за снимање и фотографирање кои Врховен суд им ги даде на медиумите, судиите не дозволуваат обвинетите да бидат снимени и фотографирани во судница. 

Во текот на судската постапка за насилството во општина Центар обвинетиот Груевски и неговите сопартијци, обвинети во овој предмет, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за насилството.

Во предмет „Траекторија“ четворица се сомничат дека во втората половина на 2012 и 2013 презеле повеќе дејства за избор на компанија за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид, со што го оштетиле буџетот од 155 милиони 117 илјади 172 евра и за тој износ ѝ овозможиле на компанијата изведувач да се стекне со имотна корист.

Треба да знаете
Последни објави