Search

ГРУЕВСКИ ДОЈДЕ НА РАСПИТ ВО СЈО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред малку дојде на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Засега не е познато во каква улога е поранешниот премиер на распит, ниту дали станува збор за веќе отворена истрага или за нова. Од СЈО не откриваат детали.

Груевски е обвинет во неколку предмети на СЈО, а за еден од нив, „Насилство во Општина Центар“, по година и пол одолговлекување, во понеделникот почна главната расправа од судењето.

Треба да знаете
Последни објави