Search

Грнчаров заработи суспензија од два натпревари поради последниот инцидент во Гевгелија

Во најновиот билтен на Македонската кошаркарска федерација за сениорските кошаркарски лиги, директорот на МЗТ Скопје Аеродром, Тони Грнчаров добил суспензија од два меча.

Причината која е донесена одлуката од комесарот за натпреварување, Владо Цветковски е поради последниот инцидент, кој се случил на натпреварот кој МЗТ го играше на гости против Блокотехна во Гевгелија

Популарниот Грне на натпреварот влегол во вербален конфликт со судиите и поради конфликт со службеното обезбедување било донесена одлука да биде отстранет од спортската сала.

МЗТ Скопје во моментов се наоѓа на третата позиција, а пред аеродромците се Блокотехна кои се втори на табелата и Работнички кој е без пораз сезонава.

 

 

Треба да знаете
Последни објави