Search

Grand Prix во Софија за македонски краткометражен игран филм

Краткометражниот дипломски игран филм “Обид за среќна приказна” (An attempt for a happy story) на режисерката Лавинија Софрониевска ја освои највисоката награда Grand Prix на Интернационалниот Студентски Филмски Фестивал New Wave во Софија.
Жирито едногласно го прогласи филмот за добитник на главната награда и упати пофални зборови за севкупната режија, продукција, кастинг, камера, монтажа и сценарио.
Филмот е шармантна, необична и нелинеарна приказна за животот на две сестри, а во главните улоги се појавуваат Тамара Ристоска, Матеа Јанковска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Кристина Леловац.
Треба да знаете
Последни објави