Search

Граѓаните побараа власта да се справи со загадувањето

Стотина граѓани денеска протестираа пред Владата, загрижени за последиците од загадувањето на градот. Тие побараа надлежните да изнајдат решенија со кои ќе се намали загадувањето на воздухот.

– Алармантна е состојбата и итно мора  да се преземат мерки. Сметам дека автомобилите се најголеми загадувачи и мора Владата да го редуцира движењето или да се воведе пар-непар – изјави граѓанин.

Драги Змијанац од Првата детска амбасада на светот „Меѓаши“ пак изјави дека со протестот сакаат да ги потсетат надлежните на ветувањата.

– Се додека не се реши проблемот со загадувањето ќе ги поддржиме сите иницијативи на мајки, татковци, на здруженија кои се залагаат за да се подобри состојбата со загадувањето со краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки Ние ја поддржуваме иницијативата да се бојкотира наставата. Сметаме дека треба да се прогласи вонредна состојба ако загадувањето е два дена по ред над дозволеното – рече Змијанац. 

Змијанац рече и дека поради загадувањето, Детската болница за белодробни заболувања е преполна со заболени деца и оти веќе се прават обиди за создавање услови за примање и на поголем број на пациенти.

Детската амбасада, како што рече, ќе се обрати и до меѓународните институции да помогнат во справување на проблемот.

Протестот беше најавен и организиран на Фејсбук под мото „Станете за чист воздух“.

Треба да знаете
Последни објави