Search

Градоначалникот на Бутел на утринска прошетка кај Аквадуктот

Градоначалникот на Бутел на утринска прошетка кај Аквадуктот

Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски утринава на својот фејсбук профил постави слики од утринска прошетка кај скопскиот Аквадукт.

Скопскиот аквадукт се наога на територија на општина Бутел во населеното место Визбегово.

Од минатата општинска власт беше целосно зборавено и уништено. По доаѓање на градоначалничката позиција на Велимир Смилевски на скопскиот аквадукт му се даде значење со акцијата за чистење, тампонирање на пристапниот пат и посетата на Премиерот Зоран Заев.

Аквадукт преставува објект кој има намена да пренесува вода. Името произлегува од латинските зборови akva (aqua) – вода и ducere (ducere) – спроведува. Најпознати во изработката на аквадуктите биле Римјаните. Скопскиот Аквадукт е изработен со голема умешност и прецизност, од камен и тула. Аквадуктот има должина од 384 метри, 54 главни сводови издигнати на масивни столбови и 42 мали отвори кои служат за олеснување од тежината . Според некои истражувачи, Аквадуктот бил изгрaден во VI век за време на владението на Јустинијан Први, додека други сметаат дека е направен подоцна во XV век. Овој грандициозен објект бил во функција до крајот на XIX век.

Треба да знаете
Последни објави