Search

Градоначалникот Мерко си купува лимузина

Градоначалникот Мерко си купува лимузина

Општина Струга објави оглас за купување четири возила од кои едно луксузно – лимузина седан со бела боја за потребите на градоначалникот Рамиз Мерко и вработените.

За возилата се предвидени речиси 6 милиони денари или околу 100.000 евра од општинскиот буџет.

Се бара лимузината да има кожен волан со аудио команди, сензор за дожд, автоматско затемнување на внатрешниот ретровизор, алуминиумски тркала, фабрички вграден навигациски систем, а седиштата целосно или делумно да бидат во кожа. Се бара можност за безжично поврзување со мобилен телефон преку bluetooth или сличен систем на него, потоа автоматска паркинг-сопирачка, автоматски клима уред со одделни температурни зони на задните седишта, најмалку шест воздушни перничиња, лед предни светла како и електронска програма за стабилизација. Се бара лимузината да работи на дизел, да има автоматски менувач, а моќноста да биде со најмалку 149 киловати.

Јавното отворање на понудите ќе биде на 12 март.

Според некои информации, Општината во моментов располага со десет автомобили и едно патничко комбе. Градоначалникот Мерко на последната прес-конференција се пожали дека долгот на општина Струга е 7,5 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави